Цената на лебот во Полска до крајот на оваа година би можела да се зголеми за четири пати.

Ваквата црна прогноза ја дава шефот на опозициската партија, Граѓанска платформа, поранешниот премиер на Полска, Доналд Туск.

Многу е загрижувачки што лебот, дури и најевтиниот, може да чини 10 злоти (околу 2,5 долари) до крајот на оваа година. Од ова се крева коса… На крајот на краиштата, ние сме свесни што значи тоа насекаде за сите Полјаци без исклучок – изјави Туск за радио станицата „Полсат њуз“.

Според ТАСС, во моментов цената на обичен леб со тежина од 0,5 килограми во Полска варира на околу 2,2-2,6 злоти.

Поради растечките цени на лебот и пекарските производи, Туск ја повика владата да организира поддршка за полските земјоделски производители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.