Одморот во Италија заврши трагично за маж од Велика Британија на кој морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила возилото во рикверц наместо да тргне напред.

Инцидентот се случил во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија.

Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата Сасари, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.

За жал, медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.