Данска објави дека се прават планови за првпат да спроведува систематско регрутирање на жени во армијата и да го зголеми стандардниот воен стаж, објави „Би-Би-Си“.

Со одлуката се предвидуваат и планови да се зголеми буџетот за одбрана за речиси 6 милијарди долари во следните пет години, со цел земјата да ги исполни целите на НАТО.

Не се вооружуваме затоа што сакаме војна. Се вооружуваме затоа што сакаме да го избегнеме тоа“, вели премиерот, Метер Фредериксен.

Најавувајќи ги планираните реформи, Фредериксен порача дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“.

Во меѓувреме, министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен изјави дека „зголеменото регрутирање, вклучително и целосна родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на вооружените сили“.

Жените во оваа скандинавска земја веќе можат доброволно да се пријават за воена служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.