По 21 ден од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, вест за чудеснo спасувањe пристигнува од Адијаман. Како што објави турското Министерство за земјоделство и шумарство, од под урнатините на еден објект извлечен е коњ.

Со мала помош, коњот сам се качил на цврста почва и веднаш бил пренесен на ветеринар, кој утврдил дека нема сериозни повреди. Среќниот коњ потоа му бил вратен на сопственикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.