Четири лица се ранети синоќа во престрелка во Виена, соопшти австриската полиција.

Медиумите јавуваат дека по престрелката полицијата привела четворица осомничени државјани на БиХ.

„Пукањето се случи во градскиот округ Флоридсдорф“, се вели во соопштението на виенската полиција на платформата Х.

Според полицијата, четири лица биле застрелани на улица, а вооружените напаѓачи избегале со автомобили.

Австрискиот јавен сервис ОРФ објави дека полицијата подоцна запленила два автомобили и уапсила четворица осомничени, сите државјани на Босна и Херцеговина.

„Кронен цајтунг“ пренесува дека пукањето е поврзано со расправија меѓу криминални групи.

Полицијата не соопштува информации за можниот мотив за нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.