Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс, изјави дека Русија го засилува притисокот врз украинските сили и „испраќа се повеќе Руси во смрт“, повеќ отколку кога било од почетокот на војната.

Путин ја засилува својата инвазија и бесмислено испраќа се повеќе Руси да гинат, повеќе отколку кога било од почетокот на војната. Украинската храброст и поддршката на Западот го кочат нивниот напредок, но не можеме да бидеме самозадоволни. На Украина и треба нашата непоколеблива поддршка за да се бори и да победи“, напиша Шапс на платформата Х.

Британското разузнавање соопшти дека во изминатите шест недели е забележана веројатно највисоката стапка на руски жртви во војната досега. Големите загуби главно биле предизвикани од руската офанзива во градот Авдиевка во Донбас, пренесува Укринформ.

Како што објави украинскиот Генералштаб, во текот на ноември 2023 година, руските жртви, во просек изнесувале 931 дневно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.