Британското Министерство за одбрана соопшти дека конфликтот во Украина значително ги оштетил руските вооружени сили и нивната опрема.

Во борбите е уништен најмалку еден Т-90М, најмодерниот тенк на руската армија. Овие тенкови беа претставени во 2016 година и имаат подобрен оклоп, оружје и најнапредни системи за сателитска навигација. Околу 100 од овие тенкови се во употреба.

 

Конфликтот во Украина сериозно ги оштети некои од најспособните руски единици. Ќе треба многу време и пари за Русија да ги обнови своите сили по војната. Посебно ќе биде предизвик да се замени најсовремената опрема, поради санкциите што се воведени – наведoa британското министерство на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.