Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки.
Таквиот потег следува по серијата економски санкции што ги најави британската Влада за да го казни рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата врз Украина. Натамошни санкции против богатите Руси треба да бидат објавени подоцна.

Нашите нови царини дополнително ќе ја изолираат руската економија од глобалната трговија, овозможувајќи Русија да нема корист од меѓународниот систем заснован на правила што таа не ги почитува – изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.