Украинскиот лидер изразил и незадоволство затоа што НАТО одбива да воспостави забрана за летање над Украина
Ако не биде спречена, руската воена машинерија ќе таргетира и други европски земји, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот со западните лидери во Лондон, каде што тој имаше обраќање преку видеоповик, пренесе Би-би-си.

Зеленски им се заблагодарил на земјите кои зазеле „морален пристап“ против Русија поради нејзината инвазија на Украина, посебно кон британскиот премиер Борис Џонсон за неговото раководство.

„Можеме да ја запреме Русија. Мораме да спречиме убивање на луѓе. Полесно ќе биде тоа да го направиме заедно, да спречиме раздор на демократијата, да го спречиме тоа сега на наша територија. Во спротивно, тие ќе дојдат и кај вас“, порача Зеленски.

Тој изразил и незадоволство затоа што НАТО одбива да воспостави забрана на зоните за летање. Украинскиот лидер рекол дека НАТО е „најсилниот сојуз на светот“, но додал и дека некои членки на Алијансата се хипнотизирани од руската агресија.

„Слушаме многу приказни за трета светска војна, дека наводно би можела да почне ако НАТО го затвори украинското небо за руските ракети и авиони, и затоа хуманитарна зона за забрана на летови сè уште не е воспоставена. Тоа овозможува руската војска да бомбардира мирни градови и да руши станбени блокови, болници и училишта“, порачал Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.