Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел во вторник (19 септември) во Њујорк ќе одржи состанок со лидерите од Западен Балкан во рамки на традиционалниот собир на маргините на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН), соопшти Европската служба за надворешни работи.

Планирано е Борел во Њујорк да учествува на повеќе мултилатерални настани на високо ниво, како и на билатерални состаноци.

Предвидено е заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел да ја претставуваат Европската унија на трилатералниот состанок со Африканската унија, по што ќе следува состанок и со генералниот секретар на ОН; Антонио Гутереш



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.