етворица членови на грчкиот спасувачки тим испратен во Либија загинаа во сообраќајна несреќа, пренесоа светските агенции.

Четворицата Грци загинаа веднаш по пристигнувањето во Либија за да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите.

Несреќата се случила кога грчкиот тим составен од вкупно 19 лица бил на пат од Бенгази кон Дерна.

„Во несреќата се повредени 15 лица, од кои седум се во тешка состојба“, изјави министерот за здравство во владата на истокот на Либија, Осман Абделџалил.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“.

Како што претходно објави МИА, Грција денеска испрати хуманитарна помош во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.