Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека најавата на израелскиот министер Безалел Смотрич дека ќе бидат изградени 3.300 нови единици во дивите населби на Западниот Брег е запалива и опасна.

Населбите ги прават Израелците и Палестинците помалку безбедни, ги поттикнуваат тензиите, ги попречуваат мировните напори и претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Борел на платформата Х.

Смотрич соопшти дека Израел планира да изгради повеќе од 3.300 нови домови во населбите на окупираниот Западен Брег како одговор на смртоносниот палестински напад, откако тројца палестински вооружени напаѓачи отворија оган врз автомобили во близина на населбата Мале Адумим, убивајќи еден Израелец и ранувајќи петмина.

Сериозниот напад врз Мале Адумим мора да има решителен безбедносен одговор, но и одговор поврзан со населбите, напиша Смотрич на Х.

Тој истакна дека непријателите на Израел знаат дека секоја штета ќе доведе до поголема изградба и развој низ целата земја. Смотрич додаде дека во дискусијата учествувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.