Турски адвокати предупредуваат дека Турција планира да ги депортира роднините на чеченските опозиционери во Русија.

Турските медиуми, повикувајќи се на адвокатката Зејнеп Ертекин и на претседателот на Здружението на адвокати и бранители на човекови права, Енес Кафадар, објавија дека на многу чеченски семејства им се одземени дозволите за престој во земјата.

Наводно, во последниов период, околу 30 роднини на чеченски опозиционери биле однесени во центрите за депортација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.