Американскиот државен секретар, Eнтони Блинкен, го предупреди Советот за безбедност на ОН да не се залажува со повиците за привремен или безусловен прекин на огнот во Украина, велејќи дека само „праведен и траен“ мир нема да дозволи Русија да се санира, вооружи и да ја продолжи војната.
За мирот да биде праведен, тој мора да ги содржи принципите што се во темелите на Повелбата на ОН: суверенитет, територијален интегритет, независност. За мирот да биде траен, таа мора да обезбеди Русија да не може само да се одмори, да се вооружи и за неколку месеци или за две години повторно да ја почне војната, изјави шефот на американската дипломатија пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН, што се состана на годишнината од почетокот на војната во Украина.
Предупредувањето на Блинкен доаѓа само неколку часа откако Кина повика на прекин на непријателствата со нејзиниот план од 12 точки за постигнување прекин на војната.
Секој мир што го легитимира насилното руско грабање територии ќе ја ослаби Повелбата (ОН) и ќе испрати порака до потенцијалните агресори дека можат да ги нападнат земјите и да се извлечат од тоа, изјави шефот на американската дипломатија.
Блинкен изјави дека ниту еден член на Советот за безбедност не треба да повикува на мир додека ја поддржува војната на Русија против Украина и Повелбата на ОН. Тој ја обвини Кина дека размислува да и испорача оружје на Русија и го предупреди Пекинг да не го прави тоа.
Од почетокот на војната, западните сили ја снабдуваат Украина со оружје вредно повеќе милијарди долари. Кина вчера пред Генералното собрание изјави дека „испраќањето оружје нема да донесе мир во Украина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.