Почнувајќи од 10 март САД ќе воведат царина од 200 отсто за алуминиумот произведен во Русија. Освен тоа, од Белата куќанајавија широк спектар на дополнителни санкции поради руската воена операција во Украина.

Според Белата куќа, САД од 10 април, исто така, ќе воведат царина од 200 отсто за увезениот алуминиум што содржи алуминиум од Русија.

Рускиот алуминиум го произведува компанијата „Русал“, која сочинува шест отсто од глобалната понуда. Во првата половина на 2022 година извозот во САД изнесува седум отсто од приходите на „Русал“.

Аналитичарите наведуваат дека од овој месец е можно Русија да возврати со ограничување на извозот на никел и паладиум, што се важни за САД.

Никелот е важен за воздухопловната индустрија и батериите за електрични возила. Паладиумот е клучна состојка за автомобилските катализатори.

Американското Министерство за трговија воведе санкции за десетици компании, вклучително и такви базирани во Кина, Канада и Франција, како одговор на војната во Украина, додавајќи ги на веќе постоечкиот список на компании со кои е ограничена трговијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.