Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје, вреден 600 милиони долари, за да ќе ѝ помогне на украинската војска во борбата против Русија, се наведува во меморандумот на Белата куќа, испратен до Стејт департментот.

Бајден ја одобрил помошта користејќи ги своите претседателски овластувања што му овозможуваат да одобри преместување на вишок оружје од американските залихи.

Нема детали околу тоа како парите ќе бидат искористени.

Во меморандумот се наведува и дека парите ќе бидат искористени и за воено образование и обука.

Од почетокот на руската воена операција на 24 февруари, Вашингтон на Владата во Киев ѝ испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.