Американската Амбасада во Ерусалим им препорача на вработените да останат на безбедно се до нови препораки поради тековното насилство во Израел и Газа.

Американската амбасада внимателно ја следи безбедносната ситуација како резултат на ракетите истрелани од Газа низ јужен и централен Израел, вклучително и Тел Авив и Ерусалим, како и инфилтрацијата на милитанти на Хамас, се вели во соопштението.

Амбасадата „е свесна дека има жртви како резултат на тие инциденти“ и ги предупредува граѓаните на САД „да останат будни и да преземат соодветни чекори за да ја зголемат нивната безбедност“, се додава.

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствариле деннеска разговор, јави Си-ЕН-Ен повикувакјќи се на официјални лица запознаени со тоа прашање.

Претходно, кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое се вели дека Бајден му се јавил на премиерот и ја изразил својата поддршка за Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакна дека САД стојат покрај Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението. „Премиерот му се заблагодари на американскиот претседател за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека ќе биде потребна продолжена и моќна кампања во која Израел ќе победи“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.