Данела Арсовска ја замајуваше јавноста и лажеше дека нема долг на ЈСП кон приватните превозници, а потоа откако ја тужеа, долгот се плати и со судска пресуда се констатираше дека има и долг за затезни камати и судски трошоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека во судската пресуда, се констатира долг на ЈСП од над еден милион евра кон приватните превозници и дека тој долг Арсовска на рати го исплаќала кон приватниците. Во судскиот документ се пресудува и дополнително исплаќање на затезни камати, казни и судски трошоци, во износ од еден и пол милион денари.

По ова, се разобличија сите лажни тврдења на Арсовска, дека не им должи на приватните превозници, по што граѓаните на Град Скопје со месеци беа блокирани, се случуваше хаос во градот, а градскиот превоз тотално крахираше.

Данела Арсовска, да не се крие, бидејќи е должна пред скопјани, да се извини и да одговори:

Зошто свесно лажеше за долгот кон приватните превозници?

Зошто со своите постапки, директно дозволи да се блокира Скопје со месеци?

Зошто го оптовари градскиот буџет, за плус милион и пол денари, кои сега треба да ги платат граѓаните?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.