Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кришум и молкум до потпишала договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот кои треба да го спроведат проектот за изградбата на пречистителната станица во Скопје. Таа се крие и не ја известува јавноста за овој проект, затоа што за истото тоа кое што сега го потпишала лажеше, манипулираше и го клеветеше јавно поранешниот директор на ЈП Водовод, Златко Перински, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во тие гнасни лаги, додаваат и помагаа и СДС, за сега сите невистини да им паднат во вода.

„Арсовска и СДС, партнерите во лаги и криминал, треба да се извинат за хајката и кампањата која ја водеа против ВМРО-ДПМНЕ и Перински. Тоа што сега молчат и бегаат од одговори покажува дека се кукавици и лицемери“, се додава во нивната реакција.

Арсовска, како пто истакнуваат во напишаното, неосновано го скандализираше проектот, обвинуваше, па без логично објаснување го одложуваше, за на крај да се потврди тоа кое што европските партнери и го кажаа пред една година, дека целата постапка била водена чисто.

Приказната за медот и рацете, како што велат, сега се однесува за Данела Арсовска. „Ако рацете и гласот и треперат, па затоа се крие, треба да знае дека од одговорноста и од граѓаните може да се крие одредено време, ама не може да побегне“, се истакнува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.