Договорот за изградба на пречиститечната станица во тајност е потпишан пред три дена, а според информации на Телма, за двесте милиони евра пречистителната станица кај Трубарево ќе ја гради германската фирма WTE Wassertechnik GmbH заедно со домашната компанија Жикол.

Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда.

WTE и Жикол покрај поквалитетна понуда имале и соодветна банкарска гаранција додека Турците понудиле банкарска гарнација не од банка туку од финансиска институција со седиште во Монако.

Откако Народната банка одговорила дека не постои таква банка, на турската компанија ѝ било понудено да достави нова гаранција, но не биле во можност поради војната во Украина. На тој начин, Германците останале единствени во трката и го добиле тендерот.

WTE е германска компанија која има многу слични проекти пред се во државите во источниот дел на ЕУ, како Полска и Литванија, но имаат и претставништво и проекти и во Москва.

Еден од поголемите проекти на компанијата е пречистителната станица во Будва која е пуштена во употреба во 2014 година.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.