Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање, дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите.

Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.

„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.