Приврзокот на власта Павле Трајанов очигледно својата верност на СДСМ ја наплатувал со самоволие во ЈП Градски Паркинг, каде се вработувани партиски функционери на Демократскиот сојуз, нивни роднини, кумашини, блиски, каде на располагање им биле оставени канцеларии, службени мобилни, службени автомобили, да функционираат како клон на партиското седиште, обвинува портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, наум Стоилковски.

Притоа да имаат комоција да тргуваат со влијание, со години да нудат и обезбедуваат бесплатен паркинг во Скопје, додека цените за паркинг растеа за сите други!

 

Во цело тоа време, ниту Демократски сојуз, ниту Павле Трајанов нема ниту збор автентичност, ниту збор за сите кризи коишто ја разоруваат Македонија. Трајанов и Демократски сојуз останаа неми приврзоци, ухлебени во јавно претпријатие, како Градски паркинг.

 

Почитувани, единствена спрега на Демократски сојуз и Павле Трајанов со власта не е прашањето дали ќе има измени на изборниот законик, тема на копче по потреба на власта, туку дали сега ќе се успее административно да се преместат функционерите од Демократски сојуз во Паркинзи во друго јавно претпријатие, каде повторно нема да се работи, а ќе се зема плата.

 

Павле Трајанов нека каже дали не му се роднини и блиски:

 

Раководител на внатрешна контрола Даниел Ефтимов. Стручен Соработник за планирање, Ѓорѓи, братот на Даниел Ефтимов.

 

Славчо Јованов, помлад референт.

 

Петар Василов, кумашин на Павле Трајанов.

 

Филип Антовски, близок соработник на Павле Трајанов.

 

Славче Јовановски уште едно име од списокот за повластени неплаќачи на паркинг, односно луѓе кои што овозможувале функционери од власта да паркираат каде сакаат без да плаќаат.

 

Власта во Македонија ја диктираат сателити и приврзоци како Павле Трајанов, а мнозинството зависи од неговиот глас.

 

Тоа пак двојно поскапо ги чини граѓаните, и со поддршката на штетните закони, и со јавните претпријатија отстапени за партиски башибозук – наведува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.