Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина. Упатуваме осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век.

Токму затоа, со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија.

Општина Аеродром ја покажува солидарноста на дело и во рамките на своите можности ги помага сите оние на кои им е најпотребно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.