Драстичниот скок на цените на горивата, како на светските пазари, така и кај нас, вчера резултираше со панично однесување на граѓаните кои почнаа да прават колони пред бензинските пумпи чекајќи ред да наполнат гориво по сè уште старата цена.

Новата цена на горивата предизвика и дополнителна загриженост кај граѓаните, барем кај оние кои ги користат услугите на градскиот превоз во Скопје за евентуално поскапување на билетите, но од ЈСП ја смируваат „топката“, нова цена на билетите нема да има.

Независно од порастот на цената на горивата, ЈСП Скопје не размислува за покачување на цените на услугите за користење на јавен превоз.

Ќе гледаме машки да ја издржиме оваа криза во интерес на граѓаните на Град Скопје, колку што можеме. Како што знаете јавните претпријатија се создадени да им служат и да се во интерес на граѓаните, некогаш економската логика е таа, меѓутоа ќе гледаме со максимални заштеди да можеме тие загуби да ги покриеме – ни изјави в.д. директорот на ЈСП, Иван Илиевски.

извор: Плусинфо.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.