Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку неговата официјална Фејсбук страница информираше дека веднаш по добивање на информацијата дека има паднати дрва и заробени возила од невремето ги мобилизирал службите за делување на терен.
– Веќе неколку часа сум на терен заедно со директорот и вработените во ЈКП Гази Баба со цел расчистување на последиците од попладневното невреме. Со екипите реагиравме на неколку локации во Автокоманда, а до доцна во ноќта и изутрина ќе продолжиме во Хиподром и Железара. Граѓаните можат да бидат спокојни. Општинските служби ќе останат на терен се додека не се расчисти се она што настана како последица од невремето, пишува тој во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.