Во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, денеска на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден, Илинден 2. август и националниот празник на македонскиот народ.

Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски.

Во рамки на одбележувањето,  се одржа и традиционалната крводарителска акција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.