Откорнат кров, паднати дрвја. Општина Аеродром вечерва настрада од невремето.

По силното невреме што попладнево го зафати Аеродром, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации низ општината, заедно со општинските служби веднаш излеговме на терен и ги посетивме жителите кои претрпеа најголеми штети во временската непогода.
Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите. Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните – напиша градоначалникот Тимчо Муцунски кој вечерва е со граѓаните кои претрпеа штети од невремето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.