Вчера во Гази Баба се оддржаа манифестацијата „Гази Баба за Гоце Делчев“. Како што соопшти градоначалникот Бобан Стефковски, заедно со голем број на граѓани собрани во населеното место Гоце Делчев испратија порака дека Гоце Делчев бил, е и ќе остане Македонец.

Им благодарам на Спасен Силјановски, Влатко Миладиновски, Групата Аманет и Милена Илиевска за одличната програма преку која со песна и оро како што доликува на македонскиот народ му оддадовме почит на великанот Гоце Делчев. Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со негување на историјата и традицијата на македонскиот народ.
И благодарам и на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која беше гостин на денешната манифестација, порача Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.