На досегашниот вршител на должноста Директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски му престана мандатот како в.д. директор, а постапката за избор и именување на нов в.д. директор на ЈСП е во тек, информираат од Град Скопје.

На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените, велат од Град Скопје.

Додаваат дека од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати.

Истовремено, во сообраќај се пуштија неколку пробни линии, сето ова со цел да се олесни на граѓаните, корисници на јавен превоз, подостапно и побрзо превезување од/до потребните дестинации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.