Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи побара оставка од градоначалничката Данела Арсовска и избори за Скопје во мај.

Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа). Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме, пишува Шилегов.

Вели дека нема ни намера ни носталгија повторно да е градоначалник, но како граѓанин и некој што го сака Скопје, смета дека овде ништо не е во ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.