Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела. 
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, наведоа од Зоолошка градина Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур, а претходно на свет дојдоа и три мали лавчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.