ЕВН Македонија информира дека утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од Центар, Карпош и село Шишево.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи утре во периодот од 08.30 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица „Борка Талески“ на потегот помеѓу улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, на улица „Дебарца“ помеѓу улиците „Ленинова“ и „Никола Тримпаре“ и на улица „Никола Тримпаре“ помеѓу улиците „Мирослав Крлежа“ и „Дебарца“.

Во период, пак, од 09.00 до 10.00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во локалите на булевар „Партизански Одреди“ број 88, влез 2 во населбата Карпош 4, а во период од 09.00 до 14.00 часот и дел од корисниците од село Шишево во Општина Сарај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.