Приватните превозници ќе се вратат на улиците низ градот до крајот на месецов, тврди градоначалничката Данела Арсовска во интервју за „10 минути“ на ТВ21.

Она кое го имавме како постапка, беше прекинато на два пати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склопува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Ова што го направија во изминатите неколку дена, имаше проверка во ЈСП на ГПС системите, и тоа како постапка беше завшрено, и сега следува само официјализација на договорот, рече Арсовска.

Скопје е со редуциран јавен превоз повеќе од пет месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.