Приватните превозници утре ќе ја блокираат крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ со почеток од 7 часот наутро.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици, е наведено во соопштението од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.