Денеска околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, во близина на трговски центар „Мавровка“, малолетник од с.Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од с.Бојане, скопско, информираат од СВР Скопје за „Република“.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Во Полициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.

Според неофицијалните информации на „Република“ станува збор за меѓусебна расправија која завршила со прободен малолетник, роден 2007 година. Инцидентот бил пријавен од случаен минувач.

Полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.