Задоволни сме од тоа како помина дочекот на Новата 2023 година на плоштад во Скопје, снимките од веселата атмосфера доволно кажуваат за расположението на присутните. Ваква убава енергија одамна не сме почувствувале, велат за „Фокус” дел од музичарите кои на 31-ви декември настапија на плоштадот, во склоп на забавната празнична програма. Настапуваа Ферус, Благица Павловска, Елена Ристеска, „Дупер“, „Мерак меана“, Ристо Самарџиев…
Иако градоначалничката најавуваше, таа не излезе ни на прес-конференција, ниту пак Градот преку соопштение не информираше за имињата на настапувачите, ниту пак детали околу тоа колку изнесува организацијата, во која спаѓаат хонорари на настапувачите, бина, осветлување и озвучување.
Горјан Стојановски, претседател на Здружение на естрадни уметници на Македонија, но и учесник во програмата, како дел од музичарите од „Мерак меана“, вели дека нивните настапи сепак биле платени.
Како што се информирав, во изминатите години никогаш градот не ја плаќа програмата за прославата, туку се финансира преку приватни компании, така е и оваа година, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.