Никаква средба не сме имале со градоначалничката Арсовска во смисла на работењето на градот, истакна Никола Пановски советник во Град Скопје, во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Состојбата за мене како највозрасен член на Советот е неразбирлива, јас стварно не разбирам што се случува овие 3 дена, бидејќи на самиот совет немало расправии и дебата да се отвори за ова претпријатие дека се има проблем или да викне советници, па да побара поддршка таа или директорот да побара дека има проблеми па да расчистиме“, рече Пановски.

Пановски посочи дека имало квартални, полгодишни извештаи каде мнозинството фалеше еве како треба да се работи, дека феноменално се работи и се заштедиле пари. Тромесечните, шестмесечните извештаи на јавните претпријатија беа пофалени, имаше критики од опозицијата, но меѓутоа навистина како да имаме ренесанса во тие претпријатија.

„Градоначалничката тоа го слуша или го чита и не реагира, администрација во градот не реагира дека тоа не е така и одеднаш сега по двајца на ден од јавни претпријатија се разрешуваат заради неработење“, посочи Пановски.

Пановски го разбира директорот на водовод зошто не постапил по нејзини барања, тој образложи, но од неа не знае зошто нема одговор дали тоа е така или не е така. Тој е сосема затечен и ова за граѓаните не е добро, не беше идеално и пред тоа меѓутоа ова што се случува овие 3 дена ме загрижува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.