На 24 септември, во петок на фудбалскиот стадион „Македонски Лавови“ во скопската населба Ѓорче Петров ќе се одржи изложба на расни кучиња со забавен и едукативен карактер.

Шанса за сите сопственици на педигрирани кучиња кои не се оценети да присуствуваат и нивните милиници да бидат оценети со цел да можат да ги спарат за нивните потомци да добијат педигре.

Изложбата ќе има богат награден фонд за најдобрите примероци и истата е е наменета за сите видови расни кучиња.

Цена за пријавување изнесува 1.000 ден, a цена за пријавување Шарпланинци e 600 денари.

Сметка за уплата: 300000002871915 – Комерцијална Банка

Повеќе информации за пријавување на следниов ЛИНК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.