Од утре се очекува промена на времето. Како што најавува УХМР, во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, но ќе дува засилен југозападен ветер, на повеќе места и над 60 километри на час. Потоа, кон крајот на денот, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, ќе почне да дува засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според УХМР, силен северен ветер ќе продолжи да дува и во четврток кога се очекува значително да се намали дневната температура, за околу десет степени. Ќе има услови и за слаб локален дожд.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.