О2 иницијатива објави споредба на податоците од 2005 до 2022 година за загадувањето на воздухот со ПМ10 честички. Тие велат дека во Скопје, Тетово, Миладиновци, Кочани, Битола и Гостивар се регистрирани најниски вредности во изминатите две години.

„Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?

Направивме споредба од 2005 до 2022 година служејќи се со податоците од МЖСПП.

Главен тренд е на намалување, наспроти субјективното чувство дека е исто или полошо.

Најниски вредности за Скопје, Миладиновци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар се регистрирани во изминативе две години. За Кавадарци и Велес во 2016, Кичево во 2018, Струмица во 2019.

Троцифрените вредности за PM10 се јавуваат кога индустријата работи без филтри.

Законски пропишани вредности до 40 µg/m3 годишно, за 2022 година имаме во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Лазарополе и Берово. Најверојатно тука се и Кочани и Гевгелија, но за нив нема доволно мерења во 2022. До 2017 година само Лазараполе го постигнувал законскот лимит.

Највисоки вредности во 2022 г. имаат Струмица и Кичево.

Во однос на годишните вредности за PM10 според СЗО, до 15 µg/m3, само Лазарополе го исполнува тој услов.

На што се должи главниот тренд на намалување на загадувањето не може да се каже точно, но временските прилики играат клучна улога.

Сериозен проблем за вистинско споредување на просечните годишни вредности се бројните денови без податоци. Мониторинг системот на МЖСПП никако да се доведе во состојба на континуирано мерење, постојано има празнини и не е можно точно детерминирање на вредностите и нивно споредување”, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.