Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на општинаската администрација на Ѓорче Петров. Во таа пригода, Мицкоски истакна новата општинска зграда ќе им овозможи на граѓаните многу подобри услови да ги завршат своите обврски и потреби поврзани со локалната самоуправа.

Условите коишто се внатре се навистина европски и јас очекувам дека на тој начин многу ќе се подобри квалитетот на работата. Иако и до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар Стојкоски беше навистина на едно супер европско ниво, сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн.

 

Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека во изминатиот период, општината се соочила со тешки услови за работа и огромен наследен долг, но дека градоначалникот Стојкоски, со тимска работа, успеал за овие нешто помалку од две години, во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.