Вечерва заедно со Бобан Стефковски бев во посета на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. Од вечерва почнувам со акција на посета на општинските комитети кои се базата на партијата, точката од која почнува секоја победа на ВМРО ДПМНЕ, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ќе го чујам гласот на секој еден член и подготвен сум да разговарам на секоја тема, ќе бидам меѓу членството и народот, затоа што тој е нашата главна движечка сила. Нема затворање по канцеларии затоа што ВМРО ДПМНЕ отсекогаш била народна партија.

Нашите противници дезертираат од војска, дезертираат од решавање на проблемите, единиците на АРМ ги прават партиски штабови, и немаат план за излез од кризата, освен тендери и криминална матрица.

Промените мора да се случат и заедно да се избориме до една голема заедничка победа и за иднина во нашата Македонија!, пишува Мицкоски во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.