Иницијативата „Зелен хуман град“ објави анкета на која граѓаните можат да го дадат својот глас за тоа дали се за или против тоа Град Скопје да дозволи користење на јавен транспорт во придружба на миленик.

Во образложението на анкетата се вели дека граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните група на граѓани во Македонија.

Доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, стои во објаснувањето на предлогот.

Поради тие причини се бара измена и дополнување наОдлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје со што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба, се додека се уредно сместени во транспортер за мали миленици или се на поводници кога станува збор за кучиња.

Доколку анкетата покаже дека овој предлог има поддршка од граѓаните тој ќе биде доставен до Советот на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.