Градоначалникот на Општина Центар, веднаш по добивањето на информацијата за пожарот кај поранешната фабрика Треска, излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на истиот.
Со 10 возила, противпожарната бригада го гаснеше пожарот, а општинскиот кризен штаб, заедно со градоначалникот Герасимовски и со екипите на Црвениот крст им даваа поддршка на пожарникарите.

Пожарот е локализиран и речиси целосно изгаснат благодарение на брзата реакција на надлежните. Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени – изјави градоначалникот Герасимовски.

Жителите и вработените во околните продавници беа навремено евакуирани, а Герасимовски
упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на
околните улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.