СПРЕЧЕНА СЕЧАТА НА ДРВЈА НА ,,ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ”
🛣 Иако првичниот проект предвидуваше сеча на дрвјата долж улицата ,,Васко Карангелески” во Општина Аеродром, со новата реконструкција на планот за проширување на улицата се спасуваат околу 100 здрави дрвја.
🗣 Градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило” Ангеле Сотировски денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги објаснија деталните планови за промената на планот и проширувањето на улицата.
🗯 ,,Јас и градоначалничката Арсовска апсолутно сме посветени кон реализација на нашите ветувања. Ветивме дека ќе има нови сообраќајни решенија и токму тоа и го има. Дека ќе биде спасен дрворедот, апсолутно се спасува дрворедот. Според претходниот проект, требало над 100 дрвја да бидат целосно исечени, сега сите тие дрвја ќе бидат спасени”, истакна градоначалникот Муцунски.
🌳🌲🌿 Градоначалникот ја повтори заложбата на Општината за зазеленување на Аеродром и зголемување на зелените површини, истакнувајќи дека за само неколку месеци на нашата територија се засадени над 400 нови садници, информираат од Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.