Градоначалникот на Општина Гази Баба утрово ја посети детската градинка „25 Мај“, клонот „Пони“ во Хиподром каде заедно со директорката на дечињата им ги поделија летни обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба.
Стефковски објасни дека оваа донација ја реализираа за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда.
Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка денес, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа.
Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките, вели градоначалникот Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.