Човек, кој се претставил како инспектор, во име на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска од волонтерите кои собираат помош за настраданите во Турција на плоштадот им рекол до утре да ги нема, да исчистат и да се спакуваат, бидејќи местото личело на депонија. Наводниот инспектор на покажал никаква легитимација, рекол дека го испратил генералниот секретар на Град Скопје, објави Јоци.

За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје, коментираат волонтерите.

Од Град Скопје демантираат дека испратиле инспектор кој „ги бркал“ луѓето кои собираат хуманитарна помош.

Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија“ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија.

Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони евра, велат од Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.