Денеска го испраќаме во вечното почивалиште со неизмерна почит, маестро Александар Џамбазов, основоположник на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славејче“. Човек кој четири децении создаваше непроценливо творештво за македонската музика, соопшти градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Комеморацијата се одржа во МОБ, а како заслужен граѓанин и истакната личност во чест на маестро Александар Џамбазов иницираме со одлука улица во Град Скопје, да го носи неговото име. Нека почива во мир!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.