Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници.

Како што соопшти Град Скопје, Арсовска е избрана на Генералното собрание на кое присуствувале градоначалници од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка.

Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво, велат од Град Скопје.

Арсовска учествуваше на глобалниот настан за градоначалници „СитиЛаб 2023“ во Вашингтон во организација на „Блумберг“. За време на посетата, Арсовска остварила средби со градоначалници од САД, креатори на политики, експерти и иноватори посветени кон изнаоѓање решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.