По однос на оваа точка навистина е збунувачки затоа што во три дена имате три различни изјави, од градоначалникот, па од новиот менаџер на Водовод. Првата изјава беше оваа беа партиски луѓе кои што не доаѓале на работа. Втората изјава беше ова биле партиски луѓе кои не знам дали биле партиски луѓе ама некој не доаѓале на работа, а некои не си ја извршувале работата како што треба. За после тоа овој директорот што не знае дали е член на Управен одбор, на Надзорен одбор а во исто време е директор да излезе да каже компанијата нема потреба од овие вработени имаме превработеност, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутира по точка за утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија.
Според Андоновски во ЈП Водовод и канализација наместо 120 луѓе, би требало да се вработат само 30 бидејќи 30 луѓе во 2023 година ќе заминат во пензија, а останатите 90 кои што треба да се вработат би биле вишок.
Е сега затоа што компанијата има превработеност тогаш би требало со планот за вработување да имаме 30 вработувања затоа што 30 луѓе одат во пензија, да речеме дека тие места се тотално неопходни и тие 30 вработувања да бидат нов, но 120 тогаш се вишок. Значи треба 90 луѓе да не ги вработувате ако за нив немало никаква потреба, додаде тој.
Андоновски нагласи дека ново именуваниот директор им ги прекинал договорите за вработување на лица бранители од 2021 година, а на останатите им било нудено од страна на претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката да станат дел од таа политичка партија ако сакаат да им биде продолжен договорот за вработување.
Инаку точна е информацијата дека не им бил на сите прекинати договорите и биле избркани. Меѓу тие што се избркани биле бранители од 2001 година, а меѓу тие што не биле избркани се пуштале списоци од претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката, и по овие списоци биле врбувани луѓето на начин сакаш да станеш дел од нашата партија за да ти биде продолжен договорот за вработување. Вака буквално изгледале разговорите, рече Андоновски.
Андоновски и порача на Данела Арсовска пред да употребува погрди зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да размисли бидејќи да не била поддршка од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не можела да собере ниту потписи за кандидатурата, а не пак да победи, односно како што и рече тој на мапа не можеа да те најдат, 10 луѓе немаше да има на твој митинг затоа што луѓето не те препознава на анкетите.
Во секоја реченица градоначалничката употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа, таа би требало да си закачи слика дома од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој, таа потписи не можеше да собере а не па да се кандидира за независен градоначалник. На мапа не можеше да ја најдат да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг да не беше ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии кои што ја поддржаа. Да не беше Христијан Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните што луѓето воопшто ги препознаваат, рејтинг имаше 10 проценти затоа што 90 проценти од луѓето не знаеја за кого станува збор. Затоа пред да ставате такви лоши невкусни изрази во уста, размислете кој ви ја поддржа кандидатурата без која што вие не можете да бидете ни директор на Стопански комори, а не пак градоначалник на Скопје. Да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вие потписи не можевте да соберете, и порача Андоновски на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.